Општество

Каде има најмлади пензионери во светот?

Просечниот хрватски граѓанин заминува во пензија со неполни 59,65 години, а од европските земји единствено  во Грција  има  помала просечна возраст за заминување во пензија со 59,5 години, пишува „Јутарњи лист“ кој се повикува на истражувањето кое е спроведено во 51 земја во светот.

Истражувањето се темели на податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 2000 и 2020 година и е направено со цел да се видат најголемите промени во периодот на заминување во пензија. Најголема промена имало во Бугарија каде за две децении просечната возраст за пензионирање се зголемила за седум години од 55,8 на 63 години. Следат Естонија со промена во пензионирањето од 57,85 на 65 години.  

Во Колумбија има намалување на просечната возраст за пензионирање од 69,7  на  63,5 години, во Аргентина од  67,95  на  62,6 години и во ЈАР од 62,4  на 58,3 години.

Најстари пензионери има во Индонезија и граѓаните во оваа земја престануваат со работа со 69 години, Јапонија со 67,55 години и Индија со 67,25 години.

Во Европа највисок просек за заминување во пензија е 65 години.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано