Општество
Турција, Ирак, ОАР и Катар ќе го градат „новиот пат на свилата“
24.04.2024г.
Турција, Ирак, Обедниетите Арапски Емирати и Катар во понеделникот потпишаа писмо за намери за воспоставување на нов сообраќаен коридор кој ќе се состои од мрежа на патишта и железнички пруги со кој ќе се поврзе Персискиот Залив со Медитеранот.
Овој документ бил потпишан од четирите земји при посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Ирак. Катар и ОАЕ најверојатно ќе го помогнат финансиски овој проект, чија вредност се проценува на 20 милијарди долари.
„Патот на развојот“ ќе треба да биде завршен до 2038 година, кога ќе биде поврзано новото пристаниште во ирачкиот град Басра во Персискиот Залив со турското пристаниште Мерсин, кое се наоѓа на Медитеранот. Коридорот ќе продолжи до Истанбул и Европа. Турскиот претседател овој проект го нарече „нов пат на свилата“.
Пристаништето Ал-Фав во Басра го гради јужнокорејска компанија и ќе биде едно од најголемите на Блискиот Исток, пишува „Сеебиз“.
фото freepic