Општество
Американците немаат можност да штедат за периодот по пензионирање
25.04.2024г
Една четвртина од возрасните лица во Соединетите Американски Држави кои се постари од 50 години не веруваат дека некогаш ќе се пензионираат, а 70 отсто од нив се загрижени дека цените растат побрзо од нивните приходи, покажало истражувањето на Американското здружение на пензионери, пренесува АП.
Еден од четворица испитаници изјавиле дека немаат заштедено за периодот кога би биле пензионирани. Причината за ова се зголемените трошоци за живот и за станарини, како и исплатата на хипотеките. Истражувањето покажало дека Американците се повеќе загрижени за тоа како да го поминат месецот, иако економистите велат дека американската економија постигнала добри резултати по две години на рекордна инфлација.
- Повеќето од луѓето немаат можности за пензиско штедење, а ова надополнето со високите цени, не им дава можност да одлучат кога би се пензионирале, изјави Индира Венкатесваран, раководителка на спроведеното истражување.
Учеството на лицата постари од 50 години кои не очекуваат да заминат во пензија сотанува непроменет, пренесува Н1.
фото freepic