Општество

Во Германија половина од производството на струјата е од обновливи извори на енергија

Обновливите извори на енергија покривале околу 50 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Германија во првиот квартал во 2024 година. Од јануари до март годинава електраните на обновливи извори на енергија произвеле околу 75,9 милијарди киловатчасови електрична енергија, или 10 отсто повеќе во истиот период лани. Ветерните електрани произвеле 39,4 милијарди киловатчасови и покривале повеќе од една четвртина од потрошувачката на струја во Германија.

Хирдоелектраните покривале 4 отсто од бруто потрошувачка на електричната енергија во земјата.  Во последните месеци нивното производството на струја е зголемено  за 27 отсто и изнесува 5,3 милијарди киловатчасови електрична енергија.

Постојаниот раст на учеството на обновливи извори на енергија во потрошувачката на електрична енергија покажува дека сме на вистинскиот пат. Но мораме да бидеме подобри за да ги постигнеме климатски цели, изјави Керстин Андреае, претседателката на извршниот одбор на Германското здружение за енергетски и водни индустрии БДЕВ, објави ДПА.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано