Општество

Во Дубаи ќе се изгради најголем аеродром во светот

Власта во Дубаи најави изградба на нов патнички терминал на аеродромот „Ал Мактум“, со што ќе биде најголем аеродром во светот, со годишен капацитет од 260 милиони патници, а ќе има пет писти и 400 излези.
- Одобривме реализација на плановите за нов патнички терминал на меѓународниот аеродром „Ал Мактум“ , за што се потребни 34,85 милијарди долари, изјави шеикот Мухамед бин Рашед Ал Мактум, кој е премиер на Обединети Арапски Емирати.
Првата фаза од реализацијата на проектот ќе биде завршена во рок од десет години и ќе може да прима 150 милиони патници годишно. Овој аеродром, кој се наоѓа 37 километри од центарот на Дубаи, ќе треба да ги презема патниците од меѓународниот аеродром во Дубаи, чиј максимален капацитет е 120 милиони патници, а поради неговата локација во центарот во градот го попречува неговото проширување, пренесе „Вијести“.


фото CNN

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано