Општество

Португалија најпосакувана европска дестинација во Европа

Португалија во првиот квартал од 2024 година ја посетиле повеќе од три милиони странски гости, а ова е најдобра туристичка посетеност во нејзината историјата. Бројот на гостите кои престојувале во португалските хотели се зголеми за 10,6 отсто,  објави денеска португалскиот Институт за национална статистика (ИНЕ).

На туристички промет влијаеле добрата посетеност за време на Велигденските пореазници, а само во март во Португалија престојувале 1,4 милиони туристи. Најголем број на странски гости имало од Шпанија, Велика Британија и САД.

Светската туристичка организација на ОН најави дека во 2024 година глобалниот туризам ќе порасне за 15 отсто и ќе ги надмине нивото од 2019 година за два отсто. Главен двигател за растот за туризмот годинава ќе бидат туристите од САД и од Кина, се наведува во анализата на Светската туристичка организација.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано