Општество

Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Владата на Чешка ги одобри измените на пензискиот систем и ја подигна старосната граница за заминување во пензија, но ја намали и висината на пензијата на идните пензионери за да заштеди една милијарда долари на годишно ниво.

Реформата опфаќа постепено зголемување на старосната граница за пензионирање и тоа за седум месеци за лицата кои сега имаат 52 години. Истовремено, се намалува пензијата на идните пензионери за осум отсто во однос на сегашните правила.

Чешка се соочува со фискален притисок на населението кое се повеќе старее, проследено со намалување на наталитетот во земјата и продолжување на животниот век на граѓаните.

-       Со измените ќе се спречи уривање на пензискиот систем и ќе обезбеди пристојни пензии за сегашната помлада генерација, изјави Петр Фиала, премиерот на Чешка.

Целта на пензиските реформи е просечното време на пензионерите во Чешка да биде околу 21 година. Според податоците на чешката статистичка канцеларија, просекот на животниот век на жителите во оваа земја е 76 години за мажите и 82 години за жените, пренесува „Независне новине“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано