Општество

За 25 години во Србија ќе исчезнат 3.000 села

Во Србија во моментот постојат 4.720 села, додека до 2050 година од картата на земјата ќе исчезнат три илјади селски населби. Во околу 86 отсто од селските населби се намалува бројот на жителите, а во Србија има двеста илјади напуштени куќи, објави Републичкиот завод за статистика.

-       Во наредните години ќе опстанат само населените места кои се во близина на градовите, кои имаат добра сообраќајна поврзаност со трговските и урбаните центри и кои имаат развиена инфраструктура. Во некои од урбанизираните населби ќе се доселуваат луѓе од големите градови, но тие нема да се занимаваат со земјоделство, вели економистот Бранислав Гулан. 

Министерството за грижа за селото во Владата на Србија спроведува програма за доделување на селски куќи и покуќнина за заинтерсесираните граѓани кои сакаат да се преселат во селските средини. Досега преку оваа програма се откупени 1.631 куќа за пет илјади лица, од кои 2.250 се деца. Куќите кои се распределени на новите жители во селските населени места се во 119 локални самоуправи во Србија, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано