Финансии / Банкарство

Мајската нето плата во Црна Гора забележа реален раст и достигна 832 евра

Просечната плата без данок и придонеси во мај во Црна Гора изнесувала 832 евра и со однос на истиот месец лани е повисока за 4,9 отсто. Во споредба со април годинава, просечната нето плата е зголемена за 0,5 отсто. Потрошувачките цени во мај 2024 година во однос на април 2024  забележаа раст од 0,1 отсто, што значи дека реалната плата забележила раст од 0,4 отсто, информираат од државниот завод за статистика Монстат.

Зголемување на просечната нето плата во мај/април 2024 е забележана во секторите услуги за сместување и за храна за два отсто, со секторот за снабдување со вода за 1,5 отсто, во здравствената и социјалната заштита за 1,3 отсто, во преработувачката индустрија за 1,2 отсто.

Во градежништвото и сообраќајот растот на мајските плати изнесува еден отсто, во секторот информации и комуникации за 0,6 отсто и во земјоделство за 0,1 отсто.

Намалување на просечната плата во истиот период има во секторите финансии за 1,7 отсто и во секторот за недвижности за 0,3 отсто, пренесе „Блиц“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО