Финансии / Банкарство
Загреб се задолжи со 207 милиони евра за изградба на градинки, базен, обнова на градскиот превоз...
01.07.2024
Градот Загреб и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа договор за заем во вредност од 207 милиони евра кои ќе бидат вложени во капитални проекти како што се базен, нова трамвајска пруга и изградба на детски градинки.
- Заемот се однесува на прва транша од 207 милиони евра кои ќе бидат потрошени во следните две години, за проекти кои се поврзани со зелена и енергетска транзиција и дигитализација на градската управа. Овие средства ќе бидат искористени за проекти кои се примарно финансирани од ЕУ фондовите, изјави градоначалникот Томислав Томашевиќ.
Рокот за отплата на заемот е десет години и Градот Загреб планира да гради училишта и градинки, како и да се направи промена на возниот парк на градското сообраќајно претпријатие ЗЕТ, чии возила ќе се движат на обновливи извори на енергија.
- Кредитната задолженост на Загреб е помала од кога јас стапив на должноста градоначалник. Во последните години постојано се земани кредити за капитални инвестиции од комерцијалните банки, но годинава нема да се задолжуваме на овој начин, изјави Томашевиќ, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic