Финансии / Банкарство

Јапонија издаде банкноти во 3Д технологија за да спречи фалсификување на јенот

Јапонија денеска пушти во оптек нови банкноти од 10.000, 5.000 и 1.000 јени со тродимензионални холограмски портрети  на заслужни личности од областа на финансиите, образованието и микробиологијата. Ова е прва промена на изгледот на банкнотите за последните 20 години, а владата во Токио се обидува да го спречи фалсификувањето на јенот, пренесе агенцијата „Кјодо“.  

Централната банка на Јапонија планира во почетната емисија на парите со новиот дизајн да пушти во промет банкноти во вредност од 1,6 билиони јени, но во оптек ќе бидат и старите банкноти.

Претседателот на јапонската влада Фумио Кишида денешниот ден на издавањето на новите 3Д банкноти го нарече „историски“.

-  Се надевам дека граѓаните ќе ги засакаат новите банкноти кои ќе и помогнат на јапонската економија, изјави Кишида, кој нагласи дека со ликовите на новите пари  се одава чест на јапонскиот капитализам, рамноправноста на жените и на научните достигнувања.

На банкнотата од 10.000 јени, чија вредност е околу 62 долара се наоѓа ликот на „таткото на капитализмот“, кој е клучна личност во изградбата на модерната јапонска економија и основач на неколку стотици компании, пренесува „Нова“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО