Финансии / Банкарство

Граѓаните во Србија склучиле 59.000 банкарски договори преку интернет

Во првите три месеци годинава граѓаните на Србија склучиле  58.920 финансиски договори без да чекаат пред шалтерите во банка. Склучувањето на договори преку интернет е зголемено за 72,5 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Народна банка на Србија.  

Над 14,1 илјада договори биле склучени преку видео-идентификација на корисникот во случај,  кога  за прв пат користи некоја он-лајн услуга од банката. Бројот на овие договори се зголемиле за 184,2 отсто во однос на првото тромесечие од 2023 година. Другите 44,7 илјади договори биле склучени преку електронски пат,  кога корисникот претходно имал некој деловен однос со банката,  а сега барал дополнителна услуга. Овој начин на користење на банкарски услуги е зголемен за 53,4 отсто.

Според податоците на Народна банка на Србија, во првите три месеци годинава биле отворени повеќе тековни сметки (или зголемување од 245 отсто), растот на склучените договори за штедење е 105 отсто, за дозволено пречекорување порастот е 97 отсто, за склучените потрошувачки кредити  е  34 отсто и за други услуги е 35 отсто, пренесува „Нова економија“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО