Финансии / Банкарство

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ОДРЕДИ ЦЕНАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА, Народна банка издаде согласност за преземање на 100% од вкупниот број обични акции

12.08.2024

Комерцијална банка денеска ja соопшти својата понуда за откуп на акциите на Стопанска банка Битола. Од Комерцијална банка во известување доставено  Македонската берза информира дека понудената цена за една акција е 3.200 денари.

- Народната банка на Република Северна Македонија на Комерцијална банка АД Скопје и издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, се наведува во известувањето на Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција.

Доколку ги откупи сите 390.977 акции на битолската банка, вкупниот износ што ќе треба да го издвои Коемерцијална банка е  1,25 милијарди денари или околу 20,34 милиони евра.

ПРЕПОРАЧАНО