Општество

ДЕНЕСКА МИЦКОСКИ И АРСОВСКА ЌЕ ГИ (РАЗ)РЕШАТ НЕДОРАЗБИРАЊАТА ЗА СКОПЈЕ, од скопските општини побараа одземање на надлежностите за хигиената во градот

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуправа Златко Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот, објави „Курир“.

- Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на надлежностите но и обврските на секоја од скопските општини, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински јавно ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

„Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата”, стоеше во дописот на Градот, испратено минатата недела.

ПРЕПОРАЧАНО