Финансии / Банкарство
Во Србија се повеќе банкарски договори склучени „на далечина“
30.09.2024
Во второто тромесечие годинава има силен пораст на бројот на договорените финансиски производи и услуги без да се влезе во банка, односно да се постигнат договори од далечина, соопшти Народната банка на Србија.
Во вториот квартал се склучени 75.308 финансиски договори без да се оди во банка, што е за двапати повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 20.335 договори се склучени преку видео врска, односно со идентификација на корисникот кога прв пат договара користење на банкарските услуги на овој начин. Овој број на договори е зголемен за трипати во однос на второто тромесечие во 2023 година.
Другите 54.973 договори биле склучени по електорнски пат и се однесуваат на дополнителни банкарски услуги. Овие банкарски договори се зголемиле за 78,3 отсто во однос на истиот период лани, пренесува Б92.
фото freepic