Финансии / Банкарство
ПАД НА АЗИСКИТЕ БЕРЗИ, КИНЕСКИТЕ СУБВЕНЦИИ СО КРАТКО ДЕЈСТВО
08.10.2024
Растот на кинеските берзи ја изгуби силата на по почетното тргување во вторникот, откако на брифингот на Државната дирекција за развој и реформи презентираше неколку информации за натамошните субвенции за кинеската економија.
Кинескиот CSI 300 на отворањето на тргувањето во вторникот порасна за 10 отсто, но подоцна индексот го намали растот на пет отсто. Хонгоконгшкиот Hang Seng привремено падна за над 10 отсто, а подоцна прикажа помала загуба од 6,4%.
Другите азиски берзи на денешното тргување забележаа пад, додека инвеститорите беа внимателни и ги очекуваа податоците за потрошувачката во Јапонија. Потрошувачката на јапонските домаќинства во август реално се намали за 1,9 отсто на годишно ниво. Но, платите во Јанпонија реално пораснале за два отсто на просечното ниво од 574.334 јени или 3.877,44 долари.
Референтниот индекс Nikkei 225 се намали за 0,99%, а Topix за 1,06%. Јужнокорејскиот Коspi изгуби 0,72 отсто од својата вредност. Австралискиот S&P/ASX 200 забележа незначителен пад на вредноста, пренесе „Сеебиз“.
фото freepic