Финансии / Банкарство

РУСКИТЕ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ НА РЕКОРДНО НИВО, учеството на златото во девизните резерви на Русија изнесува 31,5 отсто

08.10.2024

Златните резерви на Русија на крајот на септември годинава достигна рекордна вредност од 199,8 милијарди долари, објави Централната банка на Русија.

На почетокот на септември вложувањата на централната руска банка во златните резреви се зголемиле за 5,8 отсто. Учеството на златото во девизните резерви изнесува 31,5 отсто и претставува рекордно ниво во однос на 1999 година кога учеството на златото изнесуваше 32,1 отсто.

Најголемо учество на златотот во вкупните државни резерви Русија имаше во 1993 година, кога изнесуваа 56,9 отсто,  а најмалку во 2007 година со само 2,1 отсто.

Минатата недела Банката на Русија соопшти дека меѓународните резерви на Русија се зголемиле на 633,7 милијарди долари со состојба од 1 октомври. Еден месец претходно изнесуваа 613,7 милијарди, пренесе „Политика“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО