Финансии / Банкарство

ИНДИСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТАТА

09.10.2024

Индиската централна банка го направи првиот чекор кон смалување на каматните стапки со што го напушти својот остар став за неменување на монетарната политика. Во Комитетот за монетарна политика се гласаше пет на еден за да се задржи референтната стапка на откупот на 6,5 отсто. Но, Комитетот едногласно одлучи за промена на својата официјална политика во „неутрална“ за прв пат од јуни 2019 година.

Гувернерот Шактиканта Дас изјавил дека инфлацијата на цените на храната може да се намали во наредните месеци, додека базната ифлација, која ги исклучува трошоците за храна и енергија, веќе го достигнала ниското ниво. Изгледите за економски раст на индиската економија се непроменети, и тој е проследен со раст на приватната потрошувачка  и инвестициите.

Однесувањето на индиската централна банка упатува на создавање на услови за намалување на каматните стапки, најверојатно на следниот состанок во декември, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО