Бизнис
„11i11 saat“ – виенски часовници со македонски дизајн и глобални амбиции
12.05.2025г.
11и11 саат е нова марка часовници основана од Петар Кајевски, консултант кој живее во Виена. Првата серија е развиена заедно со врвните дизајнери Апостол Тноковски и Кома дизајн студио предводено од Небојша Гелевски-Бане.
По четири години развој, почетната идеја за хоби-потфат базиран на сличноста на бројките II (2) и 11 прераснала во серија сериозни часовници со впечатлив дизајн и светска иновација – користење на круната на часовникот како визуелен дел од бројчаникот на часовникот.
Часовниците подеднакво ги купуваат мажи и жени, и се особено популарни кај луѓе од креативни професии и кај љубителите на дизајн. Часовниците се нудат со голем избор ремчиња од Хирш од Австрија и метални миланезе нараквици од Штаиб од Германија.
Македонските врски на марката може да се видат од кириличното лого, но и преку поддршката на културата во Македонија. 11и11 саат беше спонзор на ланските Струшки вечери на поезијата, а часовниците наскоро ќе можат да се видат во една театарска претстава и еден филм во Македонија.
Часовниците може да се купат преку застапникот за Македонија Деконус и од Часовничар Маестро во Градскиот ѕид во Скопје, а наскоро и во Карес и Урма.
Карактеристики на часовниците
Автоматски механички Swiss-made модели
Функции – часови, минути и секунди; датум со сопствен дизајн на ознаките на датумите; механички потсетник преку позицијата на круната
Механизам Sellita SW400-1 (зголемена верзија на SW200-1), Swiss-made автоматски механизам, special grade прецизност, 38 часови резерва
Куќиште од 316L не'рѓосувачки челик – 41,4 мм дијаметар, 48,2 мм lug-to-lug, ширина на ремче 20 мм, дебелина 10,0 мм. Водоотпорност 5 атмосфери.
Сафирно стакло со троен антирефлективен премаз под стаклото
Стрелки со Super-LumiNova светлечки материјал од долната страна
Гаранција 3 години
Кварцни модели
Функции – часови, минути и секунди
Механизам Ronda 7015 Li кварц, 10 години траење на батеријата
Куќиште од 316L не'рѓосувачки челик – 41,4 мм дијаметар, 48,2 мм lug-to-lug, ширина на ремче 20 мм, дебелина 9,9 мм. Водоотпорност 5 атмосфери.
Сафирно стакло со антирефлективен премаз под стаклото
Гаранција 2 години
https://11i11sa.at – глобална продавница
https://mk.11i11sa.at – македонска страница