Бизнис

Недвижностите за домување во ЕУ поскапеа за 60 проценти за 15 години, највисок раст во Унгарија и Естонија

Цените на недвижностите во Европската Унија се зголемија за 57,9 проценти за 15 години, а во Унгарија и Естонија се зголемија повеќе од трипати, објави денес Евростат.

Во првиот квартал од 2025 година, во споредба со истиот период во 2010 година, цените на куќите се зголемија за 260 проценти во Унгарија, за 238 проценти во Естонија и се дуплираа во девет земји (Литванија, Латвија, Чешка, Португалија, Бугарија, Австрија, Луксембург, Полска и Словачка).

Италија е единствената земја каде што цените на куќите се намалија, за четири проценти.

Во споредба со првиот квартал од 2024 година, цените на куќите се зголемија за 5,7 проценти, а висината на киријата за 3,2 проценти. Во споредба со последниот квартал од минатата година, растот на цените изнесуваше 1,4 проценти за купување и 0,9 проценти за изнајмување.

Од 2010 година, трошокот за изнајмувањето куќи се зголеми за 27,8 проценти. Највисок раст е забележан во Естонија (220 проценти), Литванија (184 проценти), Унгарија (124 проценти) и Ирска (115 проценти).

Само во Грција, киријата за куќи стана поевтина, за 11 проценти, пренесува Данас.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано