Бизнис
По одлуката на ОПЕК цената на суровата нафта се задржа на 67 долари за барел
07.07.2025
По одлуката на ОПЕК да го зголеми производството цената на суровата нафта е околу 67 долари за барел . Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес беше нестабилна и се движеше околу 67 долари за барел, откако во саботата Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК плус) објави зголемување на производството за август.
Осумте членки на ОПЕК се согласија да го зголемат производството за 548.000 барели дневно следниот месец, и дека слично зголемување веројатно ќе следи во септември.
Денеска цената на нафтата скокна на 69 долари на меѓународните пазари, а инвеститорите очекуваат Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници да одговорат на силната побарувачка со најавеното зголемување на понудата.
Цената на барел сурова нафта се зголеми за 88 центи на 69,18 долари за барел во Лондон попладне во однос на затворањето на крајот од минатата недела. Во САД балерот нафта се тргуваше за 60 центи повисоко на 67,60 долари во САД.
Саудиска Арабија сигнализираше во акција дека се соочува со силна побарувачка, туркајќи ги цените за купувачите во Азија на највисоко ниво за последните четири месеци, објавија медиумите во светот.
фото freepic