Општество

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ И ИНТЕРНАТИТЕ

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2024/2025 година е 4 889, што претставува намалување за 15,0 % во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во 2024/2025 година во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени вкупно 129 ученици.

Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта.

Главни поенти

Ученици и студенти сместени во домови и интернати, 2024/2025 година:

  •  52 ученици од основно училиште
  •  1 693 ученици од средно училиште
  •  35 ученици од православно верско училиште
  •  94 ученици од исламско верско училиште
  •  3 144 студенти 
    фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано