Бизнис

Макпетрол им исплати регрес за годишен одмор на своите вработени во нето износ од 48.000 денари

Во соопштение доставено до Македонската берза од компанијата инфоримираат декa имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, „Макпетрол“ АД Скопје на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен.

Грижата за вработените е значајна за долгорочниот успех на Друштвото и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ АД Скопје“, велат од компанијата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано