Бизнис

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА Е ЗЕМЈА СО ВИСОКИ ПЛАТИ?

„Германија не е земја со високи плати, туку земја каде што милиони живеат со малку пари“, смета Дитмар Барч, германски политичар.

Повикувајќи се на податоците што ги побара од владата, Барч изјави дека околу 9,2 милиони вработени во Германија заработуваат помалку од 3.500 евра бруто месечно.

Тоа се двајца од пет вработени со полно работно време. Меѓу нив, една петтина заработува помалку од 2.750 евра бруто месечно.

„Со значително зголемените трошоци за домување, храна и енергија, покривањето на основните потреби стана предизвик за милиони луѓе“, изјави Барч за ДПА, пренесува Сеебиз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано