Општество
Партнерства за чист воздух и за одржлив развој
Економија и бизнис | печатено издание | 15 јуни 2025г.
Економската моќ на домаќинствата и на компаниите претставува фактор со значително влијание врз амбиенталните политики, особено во контекст на аерозагадувањето и на климатските промени. Анализите покажуваат дека социо-економскиот статус директно го условува пристапот до енергетски ефикасни технологии и до одржливи извори на енергија. Домаќинствата со ограничени приходи, кои се најчесто зависни од евтини, но високозагадувачки горива (дрва, јаглен), придонесуваат за загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци. Истовремено малите и средните претпријатија (МСП), иако се носители на локалниот економски развој, често немаат доволна ликвидност или пристап до поволни кредити за зелени инвестиции. Овие економски бариери создаваат системски предизвик за транзиција кон нискојаглеродна економија. Затоа економските инструменти – како што се субвенции, грантови и поволни зелени кредити – стануваат клучни алатки за овозможување на инклузивна енергетска транзиција и за постигнување на националните цели за климатска отпорност и за одржлив развој.
Климатските промени и енергетската транзиција сè повеќе се наметнуваат како клучни двигатели на економскиот развој. Како земја кандидатка за членство во ЕУ, Северна Македонија има стратешка обврска да ги усогласи своите политики со Зелената агенда за Западен Балкан и да ја вгради одржливоста во сржта на својот економски модел.
Целиот прилог прочитајте го на следниот ЛИНК