Општество
Повторно со офталмолошки интервенции во Клиничка болница Тетово
31.07.2025
Клиничка болница Тетово информираше дека повторно ќе може да се изведуваат офталмолошките интервенции откако имаше пауза за поправка на дефект на еден од апаратите. Воедно информираат дека пациентите ќе бидат повикувани според редослед на чекање.
- По пауза од неколку месеци, поради поправка на дефектот на апаратот за факоемулзификација, набавка на нов микроскоп и обезбедување на потребните материјали за привремени интервенции за катаракта (перде), денес офталмолошката сала повторно започна со работа и доби нова живост, соопшти Клиничка болница Тетово на својата интернет страница.
Пациентите ќе бидат повикувани за интервенција според редоследот на чекање.
фото Клиничка болница Тетово