Општество
Велика Британија на 8 октомври ќе биде домаќин на самит за Западен Балкан
08.08.2025г
Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен состанок на високо ниво за регионот на Западен Балкан што ќе се одржи во октомври, соопшти денеска британската Влада.
Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, недалеку од Белфаст, и е дел од пошироките разговори што ги организира Велика Британија за градење отпорност, соочување со нелегалната миграција и поттикнување на економскиот раст.
„Министерот за надворешни работи Дејвид Лами од 8 октомври во Белфаст ќе пречека повеќе од 15 европски министри, кои ќе разговораат за промоција на мирот, стабилноста и соработката во Западен Балкан, зајакнување на колективната безбедност на Европа“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.