Општество

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Како што информираат од Министерството за култура и туризам, наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26 вгуст годинава во 11 часот (вторник) во македонското Собрание. 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано