Финансии / Банкарство
ДЕБАТА: „ВРЕМЕ НА НИСКИ КАМАТНИ СТАПКИ“ (BИДЕО)
На 29 октомври, во просториите на Македонска берза се одржа дебата на тема „Време на ниски каматни стапки“, заеднички организирана од Македонската берза и магазинот „Економија и бизнис“. Темата е исклучително актуелна, предизвикувачка, како глобално така и локално, ако се има предвид дека ниските каматни стапки станаа економски амбиент што трае веќе со години. Како дојдовме во ваква ситуација, кои се последиците, но и можностите за економските субјекти, дали нешто ќе се измени во наредниот период? За сите овие прашања дебатираше еден мошне репрезентативен состав на дискутанти. Во продолжение можете да ја погледнете и видео снимката од дебатата.






