Бизнис

ПРИЛОГ: Градење на стартап економија и на ефикасно извозно управување наспроти традиционалните бизнис-модели на развој во компаниите

прилогот го подготви: Митко Јовановски

Малите и средните претпријатија се соочуваат со структурни предизвици во подобрување на сопствената продуктивност и на конкурентноста на меѓународните пазари. МСП кои се двигател на економскиот развој можат да играат значајна улога во зголемување на обемот на надворешната трговија. Но, за тоа им е потребен сеопфатен пристап за истражување на нови пазари, што ги надминуваат внатрешните кадровски капацитети на компаниите. Поради тоа се јавува потребата од користење на дополнителни знаења од бизнис-советниците кои ќе им помогнат на управителите и на сопствениците на фирмите подобро да ги разберат своите деловни можности, надворешните пазарни предизвици и да ги утврдат приоритетите за нивен иден и одржлив развој.
Со користењето на бизнис-дијагностиката управителите ја добиваат целокупната слика за производниот и за извозниот потенцијал на компанијата. Низ процесот на дијагностицирање се детектираат добрите и слабите страни на целокупниот процес: од производство, маркетинг, дистрибуција до продажба, со што се намалува и ризикот од лоши инвестиции во нереални производни програми или извозни планови. „Економија и бизнис“, во соработка со Швајцарскиот проект за модернизација, во овој прилог дава поширок приказ за користењето на бизнис-дијагностиката во поставување на ефикасно извозно раководење и подобрување на продажбата на МСП, со посебен акцент на подобрување на извозот на услуги. На оваа тема разговаравме со Данчо Димков и со Наташа Размоска од БизБи солушнс. Во вториот дел ги пренесуваме и согледувањата на Васко Карангелески, бизнис-советник од БРУЛЗ, кој говори за бизнис-дијагностиката како алатка за стабилен раст на производствените компании и за подобрување на нивните извозни резултати, за важноста на финансирањето за раст на компаниите, но и за тоа како дијагностиката може да помогне за носење подобри управувачки одлуки на брзорастечки стартап компании кои преминале во фаза на МСП.


Оваа активност е поддржана во рамките на Швајцарскиот проект за модернизација кој го спроведува Свисконтакт. Содржината искажана не смее да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот и спроведувачот.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано