Вести

ПРОЕКТ „СКОПЈЕ 2028“, потпишан меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и универзитетите во Македонија

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски потпишаа меморандум за соработка  со највисокорангираните универзитети во Македонија во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во реализацијата на проектот.

-Со меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво, соопшти Град Скопје.

Во соопштението наведува дека академската заедница „останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на 'Скопје 2028', со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија“.


Извор МИА

Фото: ФБ Орце Ѓорѓиевски 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано