Вести

Одбележување 20 години од проектот за превод на 100 словенски романи

Во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска ќе се одбележи 20-годишнината од почнувањето на проектот на Форумот на словенски култури за превод на 100 словенски романи.

Како што е најавено, предвидено е да се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам и и помошник-министерот за култура на Србија, Станко Благојевиќ. Потоа ќе се одржи книжевна трибина на која ќе учествуваат уредникот на едицијата Младен Весковиќ, словенечката авторка Габриела Бабник, српскиот автор Владимир Пиштало и македонскиот автор Ермис Лафазановски. Трибината ќе биде интерактивна и присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања или да ги изложат своите ставови и гледишта за проектот.

Во рамки на настанот, ќе бидат изложени досега преведените романи на македонски јазик во рамки на овој проект.

Одбележувањето се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризам.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано