Финансии / Банкарство

ПОИМНИК

 

 




Cutting a Melon - Сечење диња

Сленг кој се користи за да се опише ситуација кога одборот на директори објавува дека ќе има дополнителна дивиденда, како додаток на редовната дистрибуција. Дополнителната дивиденда може да биде во форма на готовина, акции или имот.Во повеќето случаи, одборот на директори исплаќа дивиденди во согласност со утврдената политика и тие се исплаќаатспоред дефиниран план, на пример на годишно или на кварталнониво.Одборот на директори „сече диња“ кога компанијата заработила дополнителни приходи. Кога се случуваова, инвеститорите добиваат поврат кој е над оној што го очекуваат. Во извесна смисла, компанијата која ќе одлучи да „сече диња“ всушност на инвеститорите им доделува нешто како бонус. Оваа дополнителна дивиденда се споредува со уживање во парче диња по консумирањето на добар оброк, со што целокупното искуство на инвеститорот е малку послатко.

 

Boomlet - Мал бум

Малo, но нагло зголемување на деловната активност, политичката активност или стапката на наталитет во одреден регион во текот на одреден временски период.Акопод бум се подразбира период на енергичен раст и просперитет, поимот мал бумсе однесува на помал раст. Мал бум означува иста деловна или политичка активност или стапка на раст како редовен бум, но во помал степен. Мал бум може да се однесува и на помал или помалку траен тренд, во споредба со традиционалниот бум.

 

Sandwich Generation - Сендвич генерација

Генерација на средовечни лица кои се под притисок да ги издржуваат и своите родители и своите деца. Овие луѓе се наречени „сендвич генерација“ бидејќи тие всушност се во "сендвич" меѓу обврската да се грижат за нивните родители - кои може да се болни, да не можат да извршуваат различни обврски или да имаат потреба од финансиска поддршка – и за децата, кои бараат финансиска, физичка и емоционална поддршка. Трендовите на зголемување на животниот век и добивањето деца на постара возраст придонесоа за појава на „сендвич генерацијата“.

 

Lipstick Effect - Kармин ефект

Теорија според која за време на периоди на рецесија или економска криза, потрошувачите ќе избегнуваат купување на големи луксузни предмети и ќе бараат материјална утеха во помали луксузирања, како на пример првокласен кармин. Оваа појава е позната и како "водечки кармини ндикатор".

 

Golden Geese - Златна кокошка

Извор на големи пари, како што се на пример купувачи за кои се очекува многу да потрошат или лица со високи приходи од кои се очекува да платат големи даноци. Терминот „златна кокошка“ исто така може да се однесува на популарни инвестиции кои се очекува да дадат висок поврат и во кои инвеститорите може да скокнат без рационално размислување.

 

Golden Hello - Златно здраво

Еден вид бонус за преминување, кој се нуди на кандидат од ривалска компанија. За разлика од типичниот бонус за преминување, „златното здраво“ е специјално дизајниран бонус за да ги примами вработените од конкурентските компании да ја напуштат конкретната компанија. „Златното здраво“ вообичаено се нуди на извршни раководни лица, а не на вработени од пониско ниво.

(јануари 2016)

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано