Page 3 - ljupco 11 2019
P. 3

СВЕТ





                                                           успеа  да  го  избегне  вообичаеното  затворање.  Така
                                                           нашето образование го добивме само во црковни ин-
                                                           ституции независни од државата. Се запознавме во
                                                           1974 година на Шпрахенконвикт, Теолошки универ-
                                                           зитет на Протестантската црква во Берлин, каде што
                                                           беше  можен  курс  на  студии  целосно  ослободен  од
                                                           комунистичко влијание, што во никој случај не беше
                                                           инфериорен  во  однос  на  западните  универзитети.
                                                           Овие  теолошки  универзитети  –  имаше  уште  два  во
                                                           Наумбург и во Лајпциг – беа места на духовна слобо-
                                                           да, што инаку беше тешко да се најде во ГДР.
                                                              Јас ја презедов  функцијата викар во 1980 година
                                                           и како пастор во 1982 година во село во Мекленбург
                                                           на езерото Мириц. Мартин Гуцајт зазеде позиција во
                                                           близина. Во овие години се појавија групи во многу
                                                           делови на ГДР кои се занимаваа со критичко разми-
                                                           слување за прашањата во врска со мирот и со живот-
                                                           ната средина. Со текот на годините, палетата на теми
                                                           стана  сѐ  повеќе  разновидна  и  фундаментална.  Во
                                                           моето село, во Мекленбург, во 1982 година основав
         Маркус Мекел                                      таков мировен круг. Учесниците дојдоа од целиот ре-
                                                           гион. Во исто време создадовме мрежи со цел да ги
                                                           доведеме различните групи во контакт едни со дру-
                                                           ги и да овозможиме соработка. Преку овие мрежи и
                                                           семинари многу опозициски активисти се запознаа
                                                           во  првата  половина  на  осумдесеттите.  Ова  беше
                                                           суштински предуслов за мирната револуција некол-
                                                           ку  години  подоцна.  Овие,  најчесто  црковни  групи,
                                                           бараа промена во клучните социјални прашања. Те-
                                                           мите беа широки и разновидни: агендата опфаќаше
                                                           безбедносни  прашања,  концепти  за  родители  и  за
                                                           образование, проблеми со животната средина, чове-
                                                           кови и малцински права, како и глобални стратегии
                                                           за  развој.  Поединците  се  сметаа  себеси  поинакви
                                                           во овие групи отколку што тоа беше случај во кому-
                                                           нистичката држава; тука тие беа одговорни за заед-
                                                           ницата, тие научија и доживеаја солидарност. Затоа,
                                                           до одреден степен, овие политички групи станаа учи-
                                                           лишта на граѓанска храброст и одговорност.
                                                              Црквите беа единствените големи организации во
                                                           ГДР со свои независни и (за Протестантската црква)
                                                           демократски структури. Во црквата имаше луѓе кои
                                                           беа обучени во сопствената духовна традиција и веж-
                                                           баа во слободна комуникација. Така, не е ни чудо што
                                                           на многу места ангажираните христијани, пастори и
                                                           службеници на црквата играа обемна улога во вос-
                                                           поставувањето на опозициските движења и модери-
                                                           рање на тркалезните маси.
                                                              За Мартин Гуцајт и за мене, но и за другите, ста-
                                                           на јасно дека се потребни нови форми на опозиција.
                                                           Самата црква веќе не можеше да претставува основа
         Книгата во која е помесетоно сведоштвото на Маркус Мекел  за овие активности. Имавме поголема надеж дека е
                                                           можна суштинска промена – но ќе треба да се утвр-

  102                            ноември 2019
   1   2   3   4   5   6   7   8