Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Димитар Богов: ОЧЕКУВАМ ЗАДРЖУВАЊЕ НА МАКРОЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ И НА СИГУРНОСТА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР

Гувернер на НБРМ

Во 2018 година очекувам задржување на макроекономската стабилност и на сигурноста на банкарскиот сектор. Инфлацијата ќе се нормализира околу долгорочниот просек, а курсот на денарот нема да има посериозни предизвици. Економските фундаменти сѐ уште се солидни, а надворешната побарувачка зајакнува. Во такви услови, враќањето на економскиот раст на трендот прекинат од политичката криза зависи од целосна политичка стабилизација, враќање на довербата на инвеститорите и потрошувачите и продолжување на приливот на странски извозно ориентирани гринфилд инвестиции. Дополнително има простор да се искористи моментот за реализација на повеќе инфраструктурни проекти финансирани од ИПА и од Светска банка со поволно влијание врз економскиот раст. Во банкарскиот сектор веќе созреваат условите за консолидација преку преземања и спојувања за што клучната улога ќе ја имаат акционерите.

ПРЕПОРАЧАНО