Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Сања Лукаревска: ПОЛН БУЏЕТ И ЗАДОВОЛНИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ – СТРАТЕШКИТЕ ЦЕЛИ НА УЈП ЗА СЛЕДНАВА ГОДИНА

Во 2018 година Управата за јавни приходи посветено ќе работи на континуирано подобрување на услугите кон даночните обврзници, вклучувајќи ги и најранливите категории на нашето општество, развивање кориснички ориентирани сервиси за фирмите и за граѓаните, овозможување електронска комуникација со нашите клиенти во секојдневното работење, полесен пристап до даночни информации, намалување на административните трошоци и поедноставување на постапките. Сите овие услуги  ќе бидат  наш заштитен знак за односот со обврзниците, кој го градиме сите заедно. И во 2018 година како прв даночник ќе се трудам Управата за јавни приходи да продолжи да ја спроведува даночната политика и да се грижи секој кој е должен да плаќа данок, и да ги почитува законските прописи, и тоа да го прави совесно и одговорно. Полн Буџет, даночни реформи, задоволни даночни обврзници, професионални даночни службеници, модерни процедури во согласност со европските даночни трендови, развиени електронски услуги, точно и навремено почитување на законските одредби, неселективен пристап – ќе бидат стратешките цели на Управата за јавни приходи за следнава година. Истовремено им посакувам на сите граѓани на Република Македонија многу здравје, реализирање на желбите, мирен и достоинствен живот и многу насмевки на нивните лица.

ПРЕПОРАЧАНО