Економија

ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА ДОГОВОРИЈА СОРАБОТКА

Ова, на средба во Порторож, го договорија директорите на операторите за железнички товарен сообраќај на Македонија, на Словенија, на Хрватска, на Босна и Херцеговина, на Србија и на Црна Гора. Според договорoт, операторите ќе ја унапредуваат соработката за да обезбедат поквалитетни услуги на деловните партнери со што ќе придонесат за зголемување на обемот на транспортот. На состанокот е потпишан меморандум за соработка со кој е договорен заеднички ангажман за развој на нови квалитетни услуги за своите комитенти, што позитивно ќе се одрази на економскиот развој на регионот и на пренасочување на тековите на стоката од патен преку железнички превоз. Како што укажуваат превозниците, во железничкиот товарен сообраќај во овие држави ги поврзуваат заедничките развојни вредности, како и сознанието дека заедничката соработка ќе доведе до постигнување подобри деловни успеси. Според договореното, операторите ќе ги информираат владите во своите држави за преиспитување на можноста за воведување соодветни финансиски и други мерки во склад со фондовите на ЕУ. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано