Економија

КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА РУСИЈА ПОВТОРНО СТАБИЛЕН

Меѓународната агенција за рејтинг Стандард енд Пурс го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Русија од шпекулативното ниво „ББ+“ на инвестициското ниво „БББ-“. Буџетската дисциплина и буџетската рамка сега се стабилни, откако беа разнишани по зголемените меѓународни санкции и драматичниот пад на цените на нафтата меѓу 2014 и 2016 година, кои заедно ја втурнаа руската економија во длабока рецесија. Економијата обезбеди раст минатата година, а агенцијата соопшти дека очекува тој раст да продолжи и во 2018 година и до 2021 година. „Економското закрепнување, најверојатно, ќе биде поддржано од враќањето на цените на нафтата, умереното проширување на домашната побарувачка поддржана од постепеното олабавување на монетарната политика и глобалниот економски пораст“, наведе агенцијата. Истовремено неповолната демографија и ниската продуктивност продолжуваат да тежат на долгорочниот потенцијал за раст на Русија, а санкциите би можеле повторно да станат закана оваа година, наведува агенцијата. Во исто време Агенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ниво на инвестиции на „БББ-“ со позитивна перспектива.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано