Економија
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ НАЈАВИ ПРОТОТИП НА СМАРТ МАСКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАГАДУВАЊЕ
блиц Македонија
На светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона, кој оваа година се одржа од 26 февруари до 1 март под слоганот „Креатинф а бетер фјучр“ (Creating a better future), Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата, најави прототип на смарт маски за заштита од загадувањето кои треба да бидат во продажба од ноември/декември оваа година. „Кога ја имате најдобрата технологија, веќе не е доволно да овозможите само комуникација. Затоа ние одиме чекор понатаму, ја користиме таа технологија за промена, за подобрување на квалитетот на живот“ – изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком. На базните станици на Телеком ќе се постават сензори кои ќе го мерат загадувањето. Сензорите преку мобилна апликација ќе комуницираат со мобилните телефони, кои пак ќе комуницираат со маските кои се изработени од смарт текстил. Смарт маските преку вибрација или лед светла ќе сигнализираат кога загадувањето ќе биде над дозволената граница. Дизајнот на маските е потпишан од македонската дизајнерка Ивана Кнез.