Економија

ШПАРКАСЕ ВО СОРАБОТКА СО ЕБОР И ГЕФФ ВОВЕДЕ ЕКОКРЕДИТИ

Шпаркасе банка Македонија во своето портфолио на кредитни производи воведе екокредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и ГЕФФ (GEFF) во Македонија. Новата палета на екокредитите има цел заштита на животната средина, унапредување на енергетската ефективност кај домаќинствата, а со тоа Шпаркасе банка ги потврди заложбите за општествено одговорно банкарско работење. Доколку кредитот се однесува за набавка на само една технологија, на пример, набавка на прозорци и врати, тогаш клиентот ќе има можност за 15 % грант од вкупната вредност на инвестицијата, додека за набавка на две или повеќе технологии, на пример покрај прозорци и врати се инвестира и во топлински пумпи, тогаш инвестицискиот грант ќе изнесува 20 % од износот на кредитот. Шпаркасе банка Македонија е првата банка во Република Македонија што стана дел од програмата на ЕБОР и ГЕФФ преку кои ја пласира новата кредитна линија во износ од 2 милиона евра наменети за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано