Економија
НЕМА ПРОМЕНА НА КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА
блиц Македонија
Aгенцијата Стандард и Пурс соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ- со стабилен изглед. Потврдата на стабилниот изглед ги одразува оценките за балансирани ризици меѓу траекторијата на јавниот долг и политичката неизвесност, од една страна, и поволните економски перспективи на земјата, од друга страна, соопшти Министерството за финансии. Според извештајот, политичката нестабилност во минатото имала негативен ефект врз економскиот раст кој забавил од 3,9 % во 2015 година на 2,9 % во 2016 година и на нула во 2017 година. Се очекува дека растот ќе забрза на околу 3 % во 2019 година при позитивен придонес на јавните и приватните инвестиции како одраз на подобрената политичка стабилизација, а се очекува и позитивен придонес од нето-извозот. Стандард и Пурс го оценува јавниот долг на Македонија како умерен во глобален контекст и проектира дека на среден рок јавниот долг ќе изнесува 47 % од БДП. Како најголема опасност врз евентуалното влошување на кредитниот рејтинг агенцијата ја нотира можноста од враќањето на политичките тензии.