Економија
ИНТЕРНЕТ-ГИГАНТИТЕ СЕ ДИСТАНЦИРААТ ОД КРИПТО ВАЛУТИТЕ
блиц свет
Прво Фејсбук, уште во јануари оваа година, соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини и други крипто валути со цел да се спречи рекламирање и промовирање на нешто што често се поврзува со измама. Изминатиов месец, ај-ти гигантот Гугл најави дека од јуни годинава ќе забрани објавување содржини кои се во врска со крипто валутите. Компанијата најави дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа. Гугл најави дека ќе ја ажурира политиката за рекламирање поврзани со финансиски услуги со цел да забрани какво било огласување на содржини поврзани со крипто валути, вклучувајќи ги и компаниите со легитимни понуди за крипто валути кои нема да можат да ги огласуваат своите производи преку Гугл. Во трендот на забрани се вклучи и социјалната мрежа Твитер која исто како и Фејсбук и Гугл најави дека планира да го забрани рекламирањето на производи и услуги кои промовираат и рекламираат крипто валути.