Економија

ЕУ ГО ОДОБРИ СПОЈУВАЊЕТО МЕЃУ БАЕР И МОНСАНТО

Германскиот конгломерат Баер доби зелено светло од Европската Унија за да го купи Монсанто за 62,5 милијарди долари со што ќе се создаде компанија која ќе има преку 25 % удел на пазарот на семиња и на пестициди. Овој тренд на окрупнување на големите хемиски компании претходно го обележаа спојувањата на Чемчин и Сингета, како и спојувањето на Дау и Дупонт кои претходно, исто така, обезбедија дозвола од антимонополските власти при Европската комисија. За стекнувањето на ова право, Баер мораше да отуѓи цели линии од својот асортиман и да ги продаде на конкурентите, најмногу на БАЕСЕФ  (BASF) за шест милијарди евра за да ја засили и нивната позиција на пазарот. Монсанто во септември минатата година ја прифати понудата на Баер за купување акции во вредност од 57 милијарди долари и преземање долг од девет милијарди долари. За целосна функционалност на купопродажбата, Баер веќе оствари напредок и со руските антимонополски власти, а обезбеди и условна дозвола и од Кина. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано