Економија

ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА, ДОМАЌИН НА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ КОИ ВЧЕРА ВЕЧЕР ПРИСТИГНАА ВО СКОПЈЕ ПО ПОВОД ДИГИТАЛНИОТ САМИТ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Делегацијата на германското стопанство во Македонија, вчера вечер беше домаќин на 5о. гости кои се дојдени во Македонија по повод Дигиталниот самит кој ќе се одржи следните три дена во Скопје.

Патрик Мартинс, директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија го отвори настанот и посочи дека организацијата на еден ваков собир за земјите од западен Балкан кој воедно е поддржан од Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија е од огромно значење за целиот регион. Модернизација, дигитализација, вмрежување е иднината не само на земјите од западен Балкан, туку и на цела Европа. Дигитализација игра подеднакво важна улога не само за политика и администрацијата, туку подеднакво е важна и за стопанството, чија улога е да го подобри, забрза и да ги направи компаниите поконкурентни- истакна Мартенс.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски беше главен гостин- говорник пред претставниците од Дојче Телеком, Нокиа, Гизеке и Девриан и бројни други компании од ИТ-секторот, секторот за безбедност во електронското работење како и повеќе бројни компании од секторот за телекомуникации. Тој истакна дека владата на Македонија, ја гледа земјата како следна ИТ-дестинација. Со тоа што сме домаќин на првиот Дигитален Самит сакаме да започнеме нова ера на соработка помеѓу земјите и економиите од западен Балкан. Цел е здржување на земјите од западен Балкан со цел да се намалат трошоците за роаминг, развој на широкопојасна инфраструктура, дигиталните вештини и меѓусебното признавање на дигиталните сертификати, обезбедување нови работни места.

На настанот се обрати и Властимир Стојановиќ, Германско- Српската стопанска комора, кој информираше за стремежите на Србија во полето на дигитализација.

Мартин Габер,  Заменик директор на Делегацијата на германското стопанство во Босна и Херцеговина говореше за можностите за соработка со ИТ- компаниите од Босна и Херцеговина.

Исто така на настанот свое излагање имаше и македонската ИТ- компанија Сеавус, која е лидер во ИТ- индустријата во иновативни решенија во областа на вештачка интелигенција и дигитализација во повеќе 80 земји. Сеавус вработува 1000 лица и има 17 канцеларии ширум светот. Сеавус е пример за потенцијалот кој го има во македонската ИТ- индустрија- истакна  Тони Трпковски, менаџер за продажба. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано