Економија

ТРИ НОВИ МЕДАЛИ ЗА ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ И „ДОМЕН ЛЕПОВО“


Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ се закитија со уште еден златен и два сребрени медали на годинешното јубилеjно петнаесетто издание на светски реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge, кој се одржа во Виена.

Во конкуренција од над 12,000 вина од 40 земји од пет континенти, со златен медал беше награденоцрвеното вино „Барово” од бербата 2015, а сребрен медал освоија две вина од минатогодишната берба, и тоа белото „Барово“ на ВВ „Тиквеш“ и белото вино „Chardonnay Domaine Lepovo”.

Карактеристичниот начин на дегустација и строгите правила при оценувањето го прават Austria Wine Challenge еден од најпрестижните светски познати натпревари за дегустација на вино, кој ги поставува највисоките стандарди и барања во поглед на континуираното подобрување на квалитетот во светот на виното.

Оваа година бројот на награди и специјални признанија освоени на најпрестижните светски натпревари надмина 60, со што „Тиквеш“ како предводник на македонската винска индустријаго зајакнува ренометонамакедонското вино.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано