Економија

ЕЦБ ГИ ПРЕТСТАВИ НОВИТЕ БАНКНОТИ ОД 100 И 200 ЕВРА

Новите банкноти и последни од таканаречената европска серија, со мотиви од грчката митологија, беа претставени во седиштето на Европската централна банка во Франкфурт, Германија. Минатите години беа пуштени во промет банкноти од 5, 10, 20 и 50 евра, а со овогодинешното претставување на новите банкноти од 100 и 200 евра, кои ќе бидат пуштени во промет на 28 мај 2019 година, се заокружува целиот книжен асортиман на еврото. Новите банкноти имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите и со себе носат и подобри безбедносни карактеристики, поголема трајност и поголем квалитет од првата серија. Тоа, како што објаснуваат од централната банка, значи дека овие банкноти треба поретко да се заменуваат со што ќе се намалат трошоците и негативното влијание врз животната средина. Ова е важно, особено за банкнотите од 5 и 10 евра, кои почесто од другите банкноти одат од рака на рака.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано