Економија
НАМАЛУВАЊЕ НА РОАМИНГОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН СÈ ДО НЕГОВО УКИНУВАЊЕ ПРИ ВЛЕЗОТ НА ЗЕМЈИТЕ ВО ЕУ
блиц свет
Европската комесарка за дигитално општество Марија Габриел изјави дека за три до четири години очекува намалување на цените на роамингот за Западен Балкан, кој ќе биде укинат кога земјите од регионот ќе станат членки на Европската Унија. „Би сакале да постигнеме конкретни резултати за три-четири години. На ЕУ ѝ требаше 10 години разговори и договори за оваа тема. Кога земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, во тој момент нема да има потреба за посебни цени за роаминг“, изјави еврокомесарката Габриел, посочувајќи дека се планира до летото 2019 година цените на мегабајт во роаминг да бидат 70 центи, а до 2021 година 20 центи. Таа нагласи и дека намалувањето на цените за роаминг е приоритет на дигиталната агенда за Западен Балкан. „Сметаме на подготвеност на земјите од регионот да се оди напред; веќе постојат разговори со четири земји; наскоро ќе има јасен распоред кога и колку ќе биде намалувањето на цените на СМС-пораките и на повиците“, додаде Габриел.