Економија

ОБЈАВЕНА АГЕНДАТА ЗА ОВОГОДИНЕШНИОТ ALLWEB

Тринаесет познати маркетинг говорници доаѓаат во Скопје

 

Познати се имињата на сите тринаесет говорници кои во петок, 16 ноември ќе бидат дел од AllWeb, првата и единствена конференеција за дигитални комуникации во Македонија. Покрај досега најавените, на листата говорници се најдоа и имињата на Алина Гратчерко-основач на Акцелерејт Кореа, Неил Кокер од ramptshirts.com, Борислав Миљанович, основачот на Репрезент систем, како и Блаже Аризанов- Македонецот кој направи бум со својот стартап во Индија.

„Првичната листа на можни говорници, како и нивниот интерес да бидат дел од AllWeb, годинава беше најголем. Внимателно ги избиравме и говорниците и содржината што ќе се презентира, со цел темите кои ни се во фокус да ги обработиме од различни аспекти“- вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.„Веруваме дека направивме одлична програма, на задоволство на сите, а најмногу на учесниците. Целта ни е да го поттикнуваме пазарот да се развива, па затоа содржината е насочена кон иднината и тоа што допрва нè очекува“- додава тој.

Седмото по ред издание на AllWeb ќе се одржи на 16 ноември, петок, во Македонска филхармонија во Скопје. Конференцијата ќе ја отвори РоџерЕдвардс, маркетинг стратег и домаќин на познатиот подкаст Маркетинг и финансии, а ќе заврши со презентацијата на МетДесмиер- човекот кој внесува свежа перспектива во бизнисот. Програмата е поделена во три дела, а ќе се состои од презентации и кратки разговори на сцена. Организаторите велат дека не откриваат баш се и најавуваат изненадување за присутните.

На конференцијата се очекува да присуствуваат околу 300 претставници на високите одлучувачки структури на компаниите, маркетинг и директори за односи со јавноста, претставници од агенции, компании, претприемачи и слично.

Билетите може да се купат најдоцна до вторник, а се достапни на https://allweb.mk/tickets/.

# # # # #

За повеќе информации контактирајте со: Дарко Булдиоски, на 070/ 30 70 40 или на darko@newmedia.mk.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано