Економија

Што очекувате во 2019 година? Н. Е. Кристијан Тимоние: ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОЈДЕ ФРАНЦУСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ

Н. Е. Кристијан Тимоние

Исполнети сме со надеж во пресрет на оваа Нова година во која сите очекуваме и се надеваме дека ќе претставува решавачка делница од европскиот пат на земјата. Што се однесува до нашата Амбасада, пак, очекувањата ни се насочени пред сè кон доаѓањето во Скопје на француската Агенција за развој, која доби овластување од Владата на Франција да реализира активности на овие простори и која со своите значителни ресурси ќе поддржи нови проекти од областа на животната средина, на образованието и на општеството воопшто. Нејзиното присуство ќе претставува поддршка за нашите заложби да направиме нешто повеќе и подобро како за соработката меѓу двете земји, така и за ефективните реформски процеси.
Со такви желби и очекувања посакуваме среќна и успешна Нова година!

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано