Економија

Што очекувате во 2019 година? Климе Попоски: ОЧЕКУВАМЕ ПРОЦЕСИ НА КОНСОЛИДАЦИЈА И ПРЕЗЕМАЊА НА ДРУШТВА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Климе Попоски

Годинешниов пораст на реализираната премија за осигурување која ги надмина прогнозите претставува сигнал за поголеми очекувања во 2019 година. Излезот од политичката криза, проекциите за раст на економијата, сѐ поголемата свесност и едуцираност кај граѓаните за зголемената зачестеност и јачина на ризици кои предизвикуваат финансиски загуби и дека осигурувањето претставува најефикасна техника за трансфер на загубата претставува фундамент за позитивни стапки на раст на осигурителниот сектор.   Исто така сѐ поголемата заемна соработка на банките со друштвата за осигурување преку препознавање на придобивките од т.н. банкоосигурување како канал на дистрибуција ќе има силно влијание за пораст во 2019 година. Развој на нови и иновативни продукти, како и фаќање чекор со дигитализацијата и ориентација кон „insurtech“ треба да даде дополнителен развој. Очекуваме процеси на консолидација и преземања на друштва за осигурување поради предизвиците од усогласување кон новите европски директиви за осигурување кои се засноваат на нови капитални барања, високо ниво на корпоративно управување и транспарентност. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано